X
 20.02.2020 Живот

Расел Кроу за климатските промени: Во голема љубовна врска сме со јагленот, нафтата и гасот

Легендарниот актер Расел Кроу објави видео во кое зборува за кризата со пожарите и влијанието на климатските промени. Никогаш не се знае, можеби сите тие луѓе што доброволно ја игнорираат науката ќе сакаат да слушнат нешто од Гладијаторот.

Во видеото Расел вели дека науката постојано се развива, но постојат работи за кои сите можеме да се согласиме - како фактот дека луѓето имаат негативно влијание врз планетата најмногу поради нашата голема љубовна врска со јагленот, нафтата и гасот.

- На крајот на краиштата, постои само еден начин да се ублажат климатските промени, а тоа е да се откажеме од сите фосилни горива за брз временски период и да преминеме на обновливи форми на енергија - вели тој во видеото.

- Воопшто не е важно колку луѓе ќе се посветат на декарбонизација на нивните животи. Ако не ја избришеме употребата на фосилни горива како општество, ќе продолжиме да ја зголемуваме нивната употреба. Треба да се фокусираме на големите одлуки, на основните проблеми и да ги ставиме планетата и луѓето над политиката - вели тој.

- Сето ова можат да го потврдат големите научни умови, само прашајте ги. Веќе плаќаме данок за нивното проклето образование, ајде барем да го искористиме - вели Кроу.

Извор: Junkee.com
Фото: Printscreen/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот