X
 25.09.2024 Наука

Археолози пронашле порака во шише на плажа во Северна Франција

Откритието дошло за време на ископувањата во стара галска населба каде што во лонец пронашле шише во кое имало внимателно свиткана порака. Оваа ретка временска капсула ја напишал археологот П .Ј. Фере, кој ги водел истражувањата во областа во јануари 1825 година.

- П. Ј. Фере, роден во Диепе, член на различни интелектуални друштва, овде вршел ископувања во јануари 1825 година - се вели во пораката.

Тој го продолжил своето истражување во оваа огромна област позната како Сите де Лимес, или Кампот на Цезар.

Пораката, според извештајот на Би-би-си, го открива името на Фере и фактот дека тој бил член на различни интелектуални друштва и дека бил ангажиран во ископувањето на Сите де Лимес, познат и како „Кампот на Цезар“. Од Градот Еу, кој се наоѓа во регионот на Нормандија, објавиле фотографија од ова фасцинантно откритие на својата официјална страница на „Фејсбук“.

фото извор: archeology.org

Гијом Блондел, шеф на археолошката служба, го опишал моментот на откривање како неверојатно магичен. Иако биле свесни дека локацијата била претходно истражена, пронаоѓањето на оваа порака било сосема неочекувано.

- Таквите временски капсули ретко се наоѓаат во археологијата - додал Блондел, истакнувајќи дека повеќето археолози имаат тенденција да претпоставуваат дека нивната работа нема да биде откриена.

Извор: klik.hr

Фото: archeology.org

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука