X
 22.11.2017 Образование

Прекрасна порака од директор на едно училиште до родителите на учениците

Стандардизираните тестови се вистински убијци на мотивацијата. Познато е дека овие тестови не ги мотивираат учениците, туку напротив, ја убиваат нивната креативна мисла.

Додека повеќето училишта и наставници ставаат акцент на тоа каква оценка учениците ќе имаат на тестовите, директорот од едно училиште им напишал писмо на родителите на учениците барајќи од нив да не се грижат многу за резултатот од тестовите, бидејќи идниот успех не е целосно поврзан со нивните оценки.

„Наскоро ќе започнат тестовите на вашите деца. Знам дека сте загрижени за тоа вашето дете да има добри резултати.

Но ве молам запомнете дека меѓу учениците што ќе прават тест постои уметник на кој не му е потребно да знае математика. Има претприемач кому нема да му биде потребно да знае историја и англиска литература. Постои музичар чија оценка по хемија не е важна. Има спортист чија физичка кондиција е поважна од физиката. Ако детето добие врвни оценки, одлично! Но ако не добие, немојте да му ги земете самодовербата и достоинството. Кажете му дека е во ред, и дека е само тест. Децата се предодредени за многу поголеми работи во животот. Кажете им дека без оглед на тоа какви ќе бидат нивните резултати, ги сакате и не им судите. Ве молам направете го тоа, а откако ќе го направите, гледајте како вашите деца ќе го освојат светот. Еден тест или ниска оценка нема да им ги одземе соништата и талентот. И ве молам, немојте да мислите дека лекарите и инженерите се единствените луѓе во светот што се среќни“, пишува директорот во писмото до родителите.

Името и локацијата на училиштето не биле напишани во писмото, а некои читатели на „Редит“, каде што беше објавено писмото, изразија скептицизам дека постот е реален и дека не е напишан од говорител на англискиот јазик, со оглед на грешките во граматиката. Некои корисници на мрежата претпоставуваат дека писмото е напишано од директорот на сингапурско училиште.

Без оглед на неговото потекло, писмото има длабока порака што покажува дека тестовите не треба да имаат голема тежина. Многу земји со високи перформанси во образованието, како Финска, истакнуваат дека тестовите воопшто не се важни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование