X
 20.02.2017 Образование

Студирајте на факултет - ќе живеете подолго!

Британско истражување покажува дека животниот век на луѓето од повисоката социо-економска класа, кои живеат во уредено подрачје, живеат во просек 9 години подолго во однос на посиромашните луѓе.

истражување

Исто така, научниците од Америка, водејќи се по резултатите од британското истражување, потврдуваат дека животниот век на луѓето со факултетска диплома е девет години подолг во однос на луѓето кои немаат ниту средно образование.

„Во денешно време шансите некој да го дочека стотиот роденден се поголеми отколку претходно. Човекот кој денес има 63 години има поголеми шанси да ја доживее 97-та, што е значително повеќе во однос на очекуваниот просечен животен век на мажите, кој денес изнесува 84 години“, вели консултантката за животно осигурување, Мелани Дан на конференција во Мелбурн.

„Колку долго ќе живеете зависи од вашите карактеристики, опкружувањето, начинот на животот и одлука. Тука удел има и среќата“, додава таа и нагласува дека во споредба со должината на животот на родителите и нивните родители не е повеќе реална бидејќи денес луѓето живеат во време на подобра здравствена заштита.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование