X
 21.02.2017 Живот

На славниот мост на реката Дрина му се заканува рушење


Мостот на Дрина

После пишувањето на неколку босански медиуми дека санацијата на мостот на Мехмед-паша Соколовиќ на реката Дрина во Вишеград е лошо изведена и дека столбовите на ремек-делото за кое пишувал и нобеловецот Андриќ не би ја издржале ниту првата поплава, се јавија повеќе јавни личности со апел за спасување на ова здание.

Наместо овој споменик на културата да биде саниран и обезбеден, турската агенција „Тика“ со лошо изведената санација која се изведуваше последните три години, го доведе до опасност од рушење, затоа што никој не може да гарантира дека носечките столбови би издржале малку поголем проток на вода.

Реагираше и познатиот фронтмен на некогашната култна група „Забрането пушење“, Ненад Јанковиќ, попознат како Неле Карајлиќ, кој истакна дека треба да бидат преземени сите мерки за обезбедување на мостот на Дрина.

„Нашиот однос кон тој мост треба да биде како однос кон самите себе. Ако сакаме да исчезнеме треба да го заборавиме тој мост, но ако сакаме да опстанеме, ќе опстанеме благодарејќи на такви места и дела каков што е мостот на Дрина. Изгледа дека Турците беа подобри градители пред неколку векови од нас денес“, изјави тој.

Со ова се согласува и босанскиот академик Матија Бечковиќ, кој смета дека рушењето на мостот би бил голем срам и за државата,но и за целиот народ.

Писателот Владимир Кецмановиќ смета дека треба да истражи кој е виновен за оваа ситуација, а муфтијата Абдулах Нуман додава дека мостот мора да се санира и да се сочува.

После изведените градежни работи, мостот наголемо се користи, иако министерството за градежништво на Република Српска сè уште не издале употребна дозвола, заради низа забелешки.

Санацијата на мостот чинела околу пет милиони евра, а проектот го финансирала Владата на Турција.
Мостот на Мехмед-паша Соколовиќ е дело на еден од најголемите османлиски архитекти, Мимар Синан, и се наоѓа на Списокот на светско  културно наследство на УНЕСКО  од 2007.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот