Најдолгиот висечки пешачки мост треба да се отвори на североистокот на Чешка следниот месец, а на планинарите ќе им овозможи прошетка низ облаците со прекрасен поглед на врвовите на планината Кралицки Снежник.
„Скајбриџ“, мост долг 721 метар, ќе биде најдолгиот висечки пешачки мост во светот, а се протега помеѓу два планински гребени.
Мостот се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава, а е на височина од 95 метри. Мостот е изграден во близина на видиковецот Скајвок, платформа висока 55 метри од која можете да се спуштите со тобоган.
Одморалиштето за зимски спортови и планинарење се наоѓа на 200 километри источно од Прага, близу полската граница.
Извор:
b92.net
Фото:
Instagram