X
 21.02.2017 Наука

НАСА најави важна конференција за откритие надвор од Сончевиот систем

систем

Американската вселенска агенција (НАСА) најави пресконференција на која ќе зборува за „откритие надвор од Сончевиот систем“.

На случувањето, на кое ќе присуствуваат бројни реномирани астрономи и планетарни научници ширум светот, ќе бидат откриени важни информации во врска со егзопланетите.

Егзопланетите - планети кои се наоѓаат надвор од Сончевиот систем, се најголемата надеж на човештвото кога станува збор за пронаоѓање на вонземјанска форма на живот, бидејќи постојат големи шанси на некоја од нив да се наоѓаат услов слични како на Земјата. Научниците се` уште ги нарекуваат екстрасоларни планети.

Конференцијата ќе се одржи на 22 февруари во 19 часот, а ќе биде пренесувана во живот на веб страницата на НАСА.

Јавноста и овој пат во текот на конференцијата ќе може да поставува прашања преку хаштагот #AskNasa. Агенцијата најави и „АМА“ сесија („Ask Me Anything“) на страницата „Reddit“ непосредно пред почетокот на настанот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука