X
 22.02.2017 Култура

Следува најтешкиот период за Европа

европа

Голем дел од Европејците со внимание следат што ќе се случи наредните месеци. Тие гледаат како анти-естаблишмент партии започнаа да доаѓаат на власт. Ангела Меркел може да ја изгуби власта. А финансиските пазари се нервозни поради можноста за победа на Марин Ле Пен во Франција. А може да се одигра и сосема различно сценарио.

Во Холандија, Герт Вилдерс има историја на лоши резултати на анкетите. Дури и да излезе како лидер на најголемата партија после изборите во март, ќе се бори да добие доминација во владата.

Натпреварот кој ја преокупира политичката класа во Европа, сепак е Франција. Конвенционалната мудрост е дека Марин Ле Пен ќе победи во првиот круг на претседателските избори, но ќе биде победена во вториот круг. Моментално, таа води на анкетите за 16%.

1

Но, експертите повеќе не им веруваат на анкетите и се плашат од непредвиден настан што може да ги сврти гласачите против владејачките елити.

Сепак, доколку Марин Ле Пен изгуби, Европа би се соочила со една сосема поинаква индина. Моментално, кандидатот кој има најголеми шанси за победа е Макрон - почетник кој никогаш не бил избран за повисока функција. Народот го засака затоа што „се продава“ како нов политичар - ниту левичарски, ниту десничарски насочен.

Како што се одвива кампањата, Марин Ле Пен ќе биде остра, проценувајќи го Макрон како меѓународен банкар, олицетворение на неуспешната глобална елита и човек кој беше министер за економија под Франсоа Оланд.

Макрон допрва треба да се дефинира. Меѓутоа ако тој стигне до Елисејската палата, Европа и Франција ќе имаат про-европски претседател, посветен на опстанокот на еврото и сојузништвото со Германија.

Во исто време, Германија е се` понемирна и поотворена за промени. Некои гледаат на Ангела Меркел, како на жена уморна и веќе истрошена. А други Германци пак, засекогаш ќе ја обвинуваат бидејќи дозволи влегување на повеќе од милион бегалци во земјата.

Нејзиниот главен политички противник од Социјалдемократската партија, има стандарден носител - Мартин Шулц. Во текот на изминатиот месец, СПД забележа раст од 12 поени, надминувајќи ја Демохристијанската унија на Меркел.

2

Шулц е поранешен претседател на Европскиот парламент. Долго време во германската политика е познат како Г-дин Европа. Позади себе има добра приказна: поранешен продавач на книги без средно образование. Тој нема влакна на јазикот, страстен е за Европа и понатамошна нејзина интеграција.

Неговата најголема сила е страста да успее, а неговата слабост е љубовта за моќ. Меѓутоа, никогаш не ја потценувајте Ангела Меркел и нејзиниот безбеден адут во раката.

Сепак, народот го поддржува Шулц, исто како Макрон во Франција. Ако победат и двајцата, иднината на Европа ќе се промени драматично. И двајцата се европски интеграционисти кои бараат продлабочување и зајакнување на европскиот проект. Заедно би дале нов живот во француско-германската врска која отсекогаш претставувала мотор кој ја води ЕУ.

Меѓутоа, Британија и од двајцата не може да очекува великодушност, со нејзините преговори за излез од ЕУ.

Макрон изјави дека на Британија ќе ѝ биде прилично тешко, а Шулц сака да Британија да плати цена за нејзиното заминување.

Како што започнува сезоната на европски избори, никој се` уште не знае каков ефект ќе има Трамп врз Европа.

Дали победата на Трамп ќе ги охрабри гласачите дека може да поддржат антиимиграциски кандидати кои сакаат силата да се врати на националната држава?

Или Трамп ќе ги одврати гласачите од преземање дополнителни ризици? Дали тие ќе се насочат кон градење на посамоуверена Европа која верува во сопствените вредности и сопствената безбедност?

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека Европа сака Америка целосно и недвосмислено да ја поддржи идејата за обединета Европа.

Меѓутоа, постои и можност несигурноста да поттикне некои гласачи да поддржат подлабока европска интеграција. За Европа, сценариото за 2017 година допрва треба да се пишува и може навистина да изненади.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура