X
 29.03.2020 Технологија

Нов изум овозможува да отворите врата без да ја допрете со дланката

Без разлика дали постојано дезинфицирате, носите ракавици или не излегувате од дома, јасно е дека кваките се покриени со бактерии од кои во моментов сите сакаме да побегнеме. Имајќи го ова предвид, фирмата „Материјалајз“ почнала да размислува за начини на кои може да го направи похигиенско отворањето на вратите.


Фото: Materialise

Таа создала изум направен со 3Д-печатач кој се става на кваката и помага да се намали ширењето на вирусите и бактериите. Едноставниот дизајн лесно се поставува на обичната квака и овозможува да се отвори вратата без да ја допрете со дланката. Со помош на изумот вратата се отвора со подлактницата.


Фото: Materialise

Истражувањата за задржувањето на коронавирусот на различните материјали се оскудни, па треба да се биде внимателен без разлика за каков материјал станува збор. Фирмата работи и на други дизајни, а кога станува збор за овој изум, секој може бесплатно да го искористи нивниот дизајн и да го испечати со 3Д-печатач.

Автор: Џесика Стјуарт
Извор: mymodernmet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија