Не долго откако истражувачите прогласија победа при трансплантација на глава на мајмун, агенцијата „R&D“ на американската армија објави целосно луд план за изградба на чип кој ќе му овозможи на човечкиот мозок да комуницира директно со компјутерите. Навистина луда и надреална иднина.
Но, сето ова е реално, верувале или не. Или барем
„DARPA“ очајно сака да биде вистина. првиот безжичен интерфејс мозок-компјутер всушност се појави пред неколку години, а „DARPA“ работеше на различни мозочни чип проекти во текот на годините. Но, постоеја недостатоци во постоечката технологија: но според соопштението, моменталниот мозок-компјутер интерфејс е слично на тоа кога „два суперкомпјутери се обидуваат да разговараат еден со друг со помош на стар 300 бауд модем“. Едноставно, тие не се доволно брзи за вистински транформативни невролошки апликации, како враќање на визијата на слепо лице. Ова наводно ќе вклучувало камера која може да пренесе визуелна информација директно во мозокот, а потоа имплантот ќе ги преведе информациите на „нервен“ јазик.
За да се реализира овој подвиг, „DARPA“ започнува нова програма наречена „Neural Engineering System Design“ (NESD) која се залага да извлече неколку карактеристични иновации од научната заедница.
„Новата програма на „DARPA“ има за цел да развие имплантиран нервен интерфејс кој ќе биде во состојба да обезбеди невидена сигнална резолуција и пренос на податоци помеѓу човечкиот мозок и дигиталниот свет. Интерфејсот би служел како преведувач, конвертирајќи го електрохемискиот јазик кој се користи од страна на невроните во мозокот и единиците и нулите кои го сочинуваат јазикот на информатичката технологија“, се вели во соопштението за јавноста од „DARPA“.
Поедноставно кажано, „DARPA“ сака да го претвори нервниот јазик во дигитален код, потенцијално отворајќи сценарија во кои човечкиот мозок ќе биде главен за податоците и луѓето ќе можат да зборуваат со машините само размислувајќи - како да имате интернет во вашата глава.