X
 18.10.2024 Живот

За 100.000 долари, оваа компанија ќе ве шпионира една недела и потоа ќе ви испланира совршен одмор

Авантуристичките одмори не се ништо ново, но една компанија оди чекор понатаму со својата нова и уникатна понуда.

Компанијата „Гоутуафрика“ неодамна го објави она што го нарекува најорганизираниот меден месец во светот, нудејќи 11-дневно патување низ Источна и/или Јужна Африка.

Но, оваа понуда за многумина може да биде морничава со оглед на тоа што пакетот вклучува и приватен истражувач кој ќе го следи парот една недела и ќе ги искористи информациите што ќе ги дознае за да испланира персонализиран одмор.

Идејата за оваа понуда е за сите оние што немаат време сами да организираат патување.

- Гледаме дека персонализираните патувања стануваат многу популарни - вели Ема Хил, планер на патувања и експерт за африкански сафари од „Гоутуафрика“. Компанијата знае дека планирањето големи патувања е стресно за паровите бидејќи постојат многу опции, па не се сигурни во која насока да одат, додава таа.

Компанијата дава неколку примери за исклучително персонализираните детали на кои паровите можат да наидат за време на нивниот одмор:

- Наоѓање книга од вашата листа за читање на „Амазон“ веднаш до креветот во хотелот;
- Уживање во оброкот што првпат сте го јаделе како пар;
- Слушање листа на вашите заеднички омилени песни.

Пред да започне планирањето, паровите треба да се согласат за неколку работи: да ги следи приватен истражувач, да дадат пристап до сето она што ќе го побара тој и да платат 105.000 долари за ова искуство.

Извор: Matadornetwork.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот