X
 28.02.2017 Живот

Зошто нема револуција?

Не е веќе идеал да не бидиш екплоатиран, туку да бидеш вработен и постојано експлоатиран.
 
На седми ноември се навршуваат 99 години од историскиот настан – Октомвриската револуција. Зошто денес нема револуции кога различностите се драстични? Во Москва во ноември 1917, немаше многу крв и жртви за време на  насилното преземање на власта. Жртвите дојдоа подоцна во граѓанската војна и во Сталиновите чистки. Многу капиталистички реформи беа покрвави.

револуција


Денешниот дефетизам започна 1989 година  со транзиција на умот. Тогашните левичарски интелектуалци се прашуваа  што ќе остане од социјализмот. Триумфот за заслужениот крај на социјализмот го следеше триумфот за неговиот конечен крај. Па сепак 25 години после тоа  како да не важи веќе оваа теорија затоа што се појавија гласови за можност слична на рушењето на капитализмот. Пазарниот фундаментализам денес е малку подискретен од еднопартискиот социјализам. Денес 1% од најбогатите во светот поседуваат повеќе отколку остатокот на човештвото, а најбогатите 62 милијардери поседуваат исто колку и сиромашните од половина светско население. Бедата има свој систем - капитализмот.

И покрај тоа нема револуција, иако никогаш како денес сиромашниот не остана сиромашен, а богатиот богат. Има актиколонијални војни, но антиколонијализмот не е извор на светски револуции, туку претставува рачка на религиската реакција. Со исчезнувањето на социјалистичката ароганција СССР, настапи капиталистичката на САД и ЕУ. Не е веќе идеал да не бидеш експлоатиран туку вработен е постојано експлоатиран. Поимот на револуцијата е прогонет не само заради конверзија на интелектуалците туку и поради баналните околности - капитализмот денеска има повеке тенкови од левицата.

Нема револуција и затоа што таа е прогласена за насилство, а процедурата – за демократија. А дали е така?! Границата меѓу политичкото насилство и ненасилство е нејасна и секогаш ја наметнуваат оние што владеат. Социјалната револуција не е изворно туку реактивно насилство, грабнување на грабнатото, насилство против насилството. Нели се и изборите насилство? Ако медиумски успешна кампања не може да ја организира сиромаштијата туку само богатите, не ли е во прашање на дело репресивна толеранција? Променет е и виновникот. Партиите се одговорни, капитализмот не. На изборите треба да се менуваат партиите, а не да се укинува експлоатацијата.

Тоа е неолиберална култура  на ослободувањето. Се заборава дека демократијата е гола процедура насекаде каде социјалните разлики се големи. Но, каде да се најде детонатор за неослободениот гнев? Го нема иако има многу критики за капитализмот. Ѕидовите на капитализмот се гумени, но немаат ниту успешен организатор на  масовниот гнев.

Нели стана капитализмот, спонтано подобар затоа што европскиот социјализам се покажа како неуспешен? Иако објективно гледано капитализмот стана полош?! Но, бидејќи нема конкурентски хегемони на идеологијата, победникот ги принуди сопствените критериуми на напредокот.

На револуциите денес се гледа како на поразена идеја, што секако влијае на нејзиниот работен потенцијал. До 1989 година револуциите беа во регистарот на победникот. Така денешна Кина  повеќе ги храбри капиталистичките отколку социјалистичките промени, додека светскот режим има обратно влијание.

Нема револуции  затоа што антагонизмот на работата и капиталот е претворен во решливи еколошки, верски и полови проблеми. Современата неолиберална држава се темели на сојуз на граѓанските партии  со банките и тајкуните, а заштитена со мрежа на мултиунационални невладини организации. И покрај тоа, има прогноза дека капитализмот може да умре од предозираност затоа што ја уништи опозицијата.

Клучниот тренд  на јакнење на  умереноста на пазарот го дестабилизира капитализмот, но и покрај отсуството на актерите на промените од лево и понатаму го стабилизира, па оттаму засега како резултат на  ова синергија веројатен е реактивен удар од десно.

Ако вистинската револуција го менува човекот, и ако се од она страна на постојното, ако се она што не е, а треба да биде, тогаш не го признаваат постоечкото како нужно. Во таа смисла Маркос е таткото на револуцијата а Декарт и е дедо. Не е доволно да се повторува дека капитализмот е вечен. Треба да се менува за да може да се верува во алтернатива, а тоа значи да се развива култура на небуржоаски живот и мислење. Веројатно и одовде треба потсетување на Октомври 1917.

Извор: politika.rs
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот