X
 05.02.2018 Образование

Револуција во финското образование што ќе го направи неприкосновено во светот


Ученици во неформално образование
(Фото: Pixabay)


Во финските училишта и официјално почнува образовна револуција во облик на укинување на формалните училишни предмети, со што оваа земја ќе стане првата во светот што го направила овој потег.

Според шефот на Канцеларијата за образование во Хелсинки, Марјо Килонен, постојниот начин на подучување на децата е втемелен на моделот што се користел кај студентите и учениците на почетокот на 20 век, но сега повеќе не е релевантен, ниту корисен.

Големите промени вклучуваат отстранување на сите предмети од наставните програми, според предлозите на финските службеници, кои ќе бидат заменети со проучување на индивидуални феномени и случувања.

Тоа значи дека учениците повеќе нема да имаат поединечни часови по предмети како што се математика, географија и историја, туку, наместо тоа, ќе ги проучуваат настаните како Втората светска војна од перспектива на математиката, географијата и историјата.

Дури била предложена и настава наречена „работа во кафуле“, која кај учениците ќе ги развие вештините за комуницирање на англиски јазик, ќе им ги подобри знаењата од економијата и комуникациите.

Планирано е новиот систем да се примени на учениците што ќе навршат 16 години, и тоа од 2020 година, што значи дека по завршувањето на своето иницијално образование од широкото поле предмети ќе можат сами да изберат кој специфичен настан или кој феномен ќе сакаат да го проучуваат, заснован на нивните интереси и перспективи во иднината.

Финскиот образовен систем исто така ја поттикнува колективната работа, што значи дека учениците ќе работат заедно во мали групи каде што ќе водат дискусии наместо да седат поединечно во клупи и да ги подучува еден учител.

Овој нов систем од сите наставници ќе бара да имаат широки погледи и да бидат приспособливи на новиот систем на подучување, а околу 70 отсто од наставниците во Хелсинки веќе почнале со подготовките за новиот начин на подучување, и како резултат на тоа, ќе добијат покачување на платите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование