X
 02.03.2017 Живот

Влијанието на религиозното воспитување на алтруизмот

Според едно истражување на универзитетот во Чикаго децата од религиозните семејства се помалку спремни да споделуваат нешта од децата од оние во кои религијата не игра голема улога.

деца што играат

Многу семејства веруваат дека религијата е клучна за развој на моралот кај детето, но оваа студија сугерира дека тие не се толку алтруисти како што мислат родителите.

Студијата која опфатила 1170 деца од различни делови на светот, ја оценувала склоноста да споделуваат, како мерка за нивниот алтруизам. Децата кои се воспитани религиозно се помалку склони кон тоа, отколку оние од нерелигиозните семејства. Од друга страна пак, религиозните родители тврделе дека нивните деца имаат висок степен на емпатија и разбирање за туѓите несреќи.

Децата учествувале во игра со споделување лепенки кои требало да ги дадат на други учесници преку што им бил оценуван алтруизмот. Играта вклучувала и гледање на кратки анимирани филмови во кои едниот лик го напаѓа другиот, по што децата одредувале колку лошо се однесувале ликовите и каква казна заслужуваат.

Родителите истовремено потполнувале прашалници за тоа колку нивните деца се емпатични и праведни, а биле поделени во три групи: христијани, муслимани и нерелигиозни. Децата од двете групи религиозни семејства биле помалку спремни да споделуваат од своите налепници.

Истражувачите дошле до заклучок и дека децата од религиозните семејства го осудувале антисоцијалното однесување и ги казнувале децата. Тие го негираат ставот дека религиозноста го поттикнува друштвеното однесување и поставуваат прашање дали религијата е неопходна за моралниот развој, а со тоа сугерираат дека секуларизацијата на моралниот дискурс не ја смалува човечката добрина.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот