X
 15.08.2023 Живот

Цени што ќе ве изненадат: Ова се најскапите дестинации за живеење во Европа

Европа е една од најдобрите дестинации за многу иселеници и патници, збогатена со возбудлива историја, разновидна култура и одлична кујна. Но, сето тоа има своја цена.

Со војната во Украина и зголемувањето на цените на енергијата, животот во Европа стана предизвик за многу луѓе во последните две години. И додека Хонг Конг останува најскапиот град во светот за иселеници и патници, победник во Европа и оваа година е Цирих. „Гоу виса фри“ ги анализираше најскапите градови во Европа според индексот на трошоците за живот, а во продолжение ви откриваме некои од нив, заедно со просечните цени за храна, вечера, месечни трошоци за интернет и други работи.

Цирих

Како што веројатно веќе знаете, Швајцарија е една од најскапите земји во светот, а Цирих се издвојува како најскапиот град во Европа. Со богата историја и многу музеи кои вреди да се посетат, заедно со неговата централна позиција во Европа и близината на познатите швајцарски Алпи, Цирих често е популарна дестинација за европските авантури. Сепак, таа авантура може да биде исклучително скапа. Омилената швајцарска метропола има репутација на скап град, а тоа важи и за општите животни трошоци и за недвижностите.

Еднособен стан во центарот на градот: 1.952 евра
Еднособен стан надвор од центарот на градот: 1.525 евра
Оброк „Мекмил“ во Мекдоналдс: 15,47 евра
Оброк во евтин ресторан: 25,79 евра
Капучино: 5,39 евра
Пиво: 7,22 евра
Млеко (1 литар): 1,74 евра
Векна свеж бел леб (500 g): 3,10 евра
Јајца (12): 5,71 евра
Банани (1 кг): 2,89 евра
Просечна месечна рата за интернет: 50 евра

cirih
Фото: Pexels

Женева

Женева, космополитски град и втор по големина град во Швајцарија, е важен финансиски и дипломатски центар. Во секоја смисла на зборот, животот во Женева е луксузен. Нејзиниот животен стандард е меѓу највисоките во Европа, но исто така се и трошоците за живот. Дури и според швајцарските стандарди, Женева се смета за многу скапа за иселениците кои живеат во Швајцарија. Трошоците за живот во овој град веројатно се повисоки од која било друга европска метропола, пишува порталот Go Visa Free. Но, Женева е прекрасен град со толку многу да понуди што многу странци сè уште избираат да живеат таму.

Еднособен стан во центарот на градот: 2.100 евра
Еднособен стан надвор од центарот на градот: 1.750 евра
Оброк „Мекмил“ во Мекдоналдс: 15 евра
Оброк во евтин ресторан: 26 евра
Капучино: 4,61 евра
Пиво: 8 евра
Млеко (1 литар): 1,60 евра
Векна свеж бел леб (500 g): 2,67 евра
Јајца (12): 5,46 евра
Банани (1 кг): 2,61 евра
Просечна месечна рата за интернет: 55 евра

zeneva
Фото: Unsplash

Лондон

Англиската престолнина има репутација на исклучително скап град. Со една од најценетите валути во светот, фунтата, земјата на Биг Бен има високи трошоци за живот, дури и за оние кои заработуваат многу. Лондон е најскапиот град во Обединетото Кралство за живеење поради превисоките кирии, според „Гоу виса фри“. Сепак, Лондон може да биде скап град, но добивате врвна вредност за вашите пари бидејќи речиси сè што сакате е на дофат. И општиот квалитет на живот е одличен. Малку градови можат да се споредат со Лондон во однос на неговата богата уметничка, културна, спортска, кулинарска и социјална сцена.

Еднособен стан во центарот на градот: 2.150 евра
Еднособен стан надвор од центарот на градот: 1.565 евра
Оброк „Мекмил“ во Мекдоналдс: 7,99 евра
Оброк во евтин ресторан: 18,27 евра
Капучино: 3,71 евра
Пиво: 6,85 евра
Млеко (1 литар): 1,26 евра
Векна свеж бел леб (500 g): 1,24 евра
Јајца (12): 2,73 евра
Банани (1 кг): 1,48 евра
Просечна месечна рата за интернет: 34 евра

Даблин

Даблин е познат по својот раздвижен ноќен живот и близината до прекрасните природни пејзажи на Ирска. Сепак, несомнено е еден од најскапите градови во Европа, најмногу поради големиот број иселеници, а со тоа и високите кирии. И покрај ова, постојат многу причини зошто може да размислите да живеете во Даблин. Градот ги нуди сите предности на градскиот живот додека одржува опуштена атмосфера, далеку од метежот и вревата типична за другите поголеми градови. Покрај тоа, близината на планините и брегот нуди можност за кратки патувања до природата. Благодарение на добро развиениот јавен превоз, лесно можете да стигнете до бројни пешачки патеки и базени, што ви овозможува заслужена пауза од метежот и вревата на секојдневниот живот.

Еднособен стан во центарот на градот: 1.653 евра
Еднособен стан надвор од центарот на градот: 1.458 евра
Оброк „Мекмил“ во Мекдоналдс: 9,50 евра
Оброк во евтин ресторан: 18 евра
Капучино: 3,55 евра
Пиво: 6 евра
Млеко (1 литар): 1,15 евра
Векна свеж бел леб (500 g): 1,66 евра
Јајца (12): 3,10 евра
Банани (1 кг): 1,76 евра
Просечна месечна рата за интернет: 51 евро

Копенхаген


Главниот град на Данска веќе многу години привлекува многу посетители како популарна туристичка дестинација. Сепак, за дигиталните номади кои се свесни за буџетот, Копенхаген има тенденција да остане дестинација каде се задржуваат само неколку дена. И додека Данска е позната по својот висок квалитет на живот, ова е директно поврзано со високите трошоци за живот. И покрај ова, овој динамичен нордиски град постојано се менува и може да се пофали со голема имигрантска заедница, што го прави креативен и иновативен центар на Европа.

Еднособен стан во центарот на градот: 1.483 евра
Еднособен стан надвор од центарот на градот: 1.111 евра
Оброк „Мекмил“ во Мекдоналдс: 11,09 евра
Оброк во евтин ресторан: 18,83 евра
Капучино: 5,71 евро
Пиво: 6,72 евра
Млеко (1 литар): 1,67 евра
Векна свеж бел леб (500 g): 2,90 евра
Јајца (12): 3,97 евра
Банани (1 кг): 2,56 евра
Просечна месечна рата за интернет: 34 евра

Извор: Putnikofer.hr
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот