X
 03.03.2017 Култура

Контроверзна изјава на полски политичар: „Жените треба да заработуваат помалку!“

Јануш Корвин Мике е контроверзен политичар кој неодамна со својата шовинистичка изјававо Европскиот парламент ја шокираше јавноста.

жени

„Секако дека жените мораат да заработуваат помалку од мажите. Послаби се, помали се и помалку интелигентни се и мораат да заработуваат помалку. Тоа е се`“.

Политичарот припаѓа на десното крило и е цврст евроскептик. Тој во парламентот дури и ја образложил неговата срамотна теорија, па меѓу останатото изјави дека меѓу 100-те најдобри светски шахисти нема ниту една жена, како тоа да е некој релевантен податок според кој треба да се одредуваат платите на жените.

„Знаете ли кое е највисокото место кое го освоиле жените во полската олимпијада по теориска физика? Ќе ви кажам. Се најдоа на 800-то место. Знаете ли колку жени има меѓу првите 100 светски шахисти? Ќе ви кажам - ниту една“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура