X
 30.10.2021 Живот

Австралија им дава финансиска помош на жртвите да ги напуштат насилните партнери

Жените и децата што ја напуштаат врската во која биле жртви на насилство може да добијат до 5.000 долари во рамките на пилот-програма во Австралија. Поддршката за жртвите на домашно насилство вклучува најмногу 1.500 долари готовина, додека остатокот е наменет за стоки и услуги или плаќање обврзници, школарина или други потреби за започнување живот во безбеден дом.

Програмата за финансиска помош на жртвите на домашно насилство била објавена во мај во рамките на пакет програми за зголемување на безбедноста на жените, вреден 1,1 милијарда долари.


Фото: Pixabay

Според официјалните податоци, секоја шеста жена во Австралија е жртва на насилство од партнерот. За споредба, еден во 17 мажи е жртва на домашно насилство. Освен тоа, една во шест жени и еден во десет мажи се жртви на некаква злоупотреба пред да наполнат 15 години.

Финансиската помош од државата нема да се смета за надомест и нема да влијае врз каква било социјална помош што ја добива жртвата. Ен Растон, министер за безбедност на жените, изјавила дека финансиската помош треба да им помогне на жените да ги напуштат врските со насилство дури и кога имаат финансиски проблеми.

Програмата ќе биде во тест-фаза две години.

Извор: SBS
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот