X
 05.02.2016 Здравје

Сериозниот проблем за жените кои консумираат алкохол

Жените на млада возраст би требало да одбегнуваат алкохол освен кога користат контрацепција, велат експерти од областа на здравјето за „USA today“.


„Алкохолот може трајно да го оштети бебето во развојот уште пред жената да знае дека е бремена“, изјавува Ан Шучат од Центарот за контрола и превенција на болести.

„Речиси половина од сите бремености во САД се непланирани,а дури и кога се планирани, жените не знаат дека се бремени првиот месец, кога би можеле и да пијат“, додава таа.

Се проценува дека 3,3 милиони жени на возраст од 15 до 44 години во САД имаат ризик од развивање фетус додека пијат алкохол. Дури и кај жените кои активно се обидуваат да забременат, три во четири продолжуваат со пиењето.

Не постои безбедно ниво на алкохол во било која фаза од бременоста, но се препорачува целосна апстиненција од алкохол. Внесувањето алкохол за време на бременоста може да предизвика трајни физички и интелектуални проблеми кај детето.

Кога бремените жени пијат, „алкохолот може бргу да стигне до неразвиениот црн дроб на фетусот и неговиот мозок“, изјавуваат експертите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје