X
 03.03.2017 Наука

Пронајдени се траги на најстари животни форми на Земјата?


Необични животни форми

Научниците пронајдоа фосилни остатоци од, најверојатно, најстарите живи организми на светот, пишува Би-би-си.

Експертите претпоставуваат дека фосилите се стари од 3.77 до 4.28 милијарди години, што значи дека овие видови организми  се појавиле на Земјата нешто по нејзиното формирање, и неколку стотини години пред животните форми кои досега оицијално се сметаа за најстари на планетата.

Големината на микробите од Квебек изнесува десеттина од човеково влакно, а фосилите содржат големи количини хематит - оксиден минерал на железото.

Професорот Метју Дод, кој ги анализираше пронајдените фосили на Универзитетскиот колеџ во Лондон, тврди дека ова откритие би можело да обезбеди нов увид во потеклото на животот на Земјата.

„Ова откритие дава одговор на едно од најважните прашања кое човештвото си го поставува: од каде доаѓаме и зошто сме овде?“, вели тој.

„Чувствувам восхит додека во раце ги држам  најстарите животни форми, ги набљудувам и ги проучувам“, додава Дод.

Фосилите се пронајдени во слоеви на кварц, сместени во таканаречениот Нувуагитук појас (NSB). Станува збор за прастаро океанско дно кое содржи некои од најстарите вулкански и седиментни карпи на светот.

Тим од научници анализираше делови од карпите кои најверојатно биле дел од системот на
хидротермални отвори – пукнатини во морското дно од каде извирала врела вода, богата со минерали.

Денес се знае дека таквите процепи претставуваат значајни седишта на микроби.

Истражувањето ќе биде објавено во списанието Nature.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука