X
 04.03.2017 Економија

Другата страна на животот во Германија

Ризикот од сиромаштијата во Германија се зголемува, изјави здружението на хуманитарни организации во Германија во четвртокот во Берлин.

germanija

„Германија е со квота на сиромаштија од 15.7% што достигна неславен рекорд уште од времето на обединување на Германија“, изјави Улрих Шнајдер, директор на партитетските хуманитарни организации во Германија за време на презентацијата на годишниот извештај во 2015 година. Во 2014 година квотата изнесувала 14.7%. Во 2015, 12.9 милиони граѓани на Германија се наоѓале под границата на сиромаштијата“, изјави Шнајдер. Загрозени од сиромаштија се сметаат оние кои на располагање имаат помалку од 60% од просечната плата. Оваа граница за едночлено семејство изнесува 942, а за четиричлено семејство изнесува 1978 евра.

„Од економското искачување за жал не профитираат сите слоеви на општеството“, изјави Шнајдер. Меѓу најзагрозените од сиромаштија се странците како и семејствата со три или повеќе деца. Претседателот на хуманитарната организација „Народна солидарност“ Волфрам Фриденсдорф особено предупредува на зголемување на ризикот од сиромаштија кај постарите луѓе.

„Застрашувачки е како ова општество се однесува кон постарите“, изјави Фриденсдорф реагирајќи на извештајот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија