Обединетите нации неодамна го објавија годишниот извештај за човечки развој врз чија основа донеле заклучок за тоа кои земји во светот се најдобри за живот.
Фото: Thinkstock
Рангирањето се врши врз основа на бројни фактори како што се долговечноста на жителите, образованието, здравството, родовата рамноправност и финансиската благосостојба.
Биле оценети повеќе од 200 земји од светот, а на врвот на листата се најдоа следните земји:
11. Америка - Оваа земја се издвојува по големото финансиско богатство. Американците во просек годишно заработуваат 53.245 долари.
10. Канада - Рамо до рамо со Америка, Канада котира високо поради одличниот образовен систем. Повеќе од половина од нејзините граѓани дипломирале.
9. Исланд - Луѓето во Исланд имаат прилично долг животен век - во просек живеат 82.7 години.
8. Ирска - Стапката на криминал во Ирска е доста ниска. Според најновите податоци, стапката на убиство изнесува само 1.1 на 1.000 луѓе.
7. Холандија - Оваа земја се карактеризира со најмалку изразена родова нерамноправност кога станува збор за заработката - 12.4. Би требало да се напомене дека овој процент е во постојано опаѓање од 90-те години на минатиот век.
6. Сингапур - Станува збор за една долговечна нација, чии припадници во просек живеат 83 години.
5. Данска - Кога станува збор за просечните плати на мажите и жените, разликата во оваа земја (поврзана со полното работно време) изнесува 7.8%.
4. Германија - Од октомври 2014 година, студирањето на сите универзитети во Германија е бесплатно за нејзините жители и меѓународните студенти, додека повеќе од 96% од луѓето имаат завршено средно образование
.
3. Швајцарија - Оваа земја се наоѓа прилично високо кога станува збор за општото здравје. Луѓето во Швајцарија во просек живеат 83 години, а ризикот од маларија, ХИВ и туберкулоза е најнизок.
2. Австралија - Повеќе од 5% од БДП во оваа земја се издвојува за образование, со што Австралија го дели истото место со Швајцарија.
1. Норвешка - 13 години по ред, Норвешка се наоѓа на прво место на листата, како земја со најдобар животен стандард, најдобра очекувана должина на животниот век (најдобар државен здравствен систем) и најдобар образовен систем.
Извештајот на ОН покажува дека генерално, светот станува подобро место за живот. Иако 800 милиони луѓе и понатаму секојдневно си легнуваат гладни, во последните 25 години повеќе од милијарда луѓе успеале да се извлечат од екстремна сиромаштија.
Од друга страна, севкупниот човечки процес и понатаму го гушат неколку различни фактори како што се дискриминацијата и нетолеранцијата.
Кога станува збор за Македонија, нашата земја се најде на 82-то место од вкупно 188 држави.
Целосниот извештај можете да го погледнете
ТУКА.