Пребарувачот „Google“ го лансираше „Google Fortunetelling“, додаток кој може да ја предвиде иднината.
„Со нашиот најнов додаток, се обидуваме да експериментираме со предвидувањето на иднината врз основа на вашите претходни пребарувања и вашиот профил, се настојува да се направи добро предвидување на вашата иднина“, се наведува во објаснувањето.
Меѓутоа, насекое се појавуваат пет исти прашања, додека резултатите се исти кај сите: „Секако дека не можеме да ја предвидеме вашата иднина!“
„Но 60 милиони бегалци секој ден се прашуваат
дали имаат некаква иднина. Затоа се послуживме со лажна страница со цел да го привлечеме вашето внимание, бидејќи очигледно сте заинтересирани за вашата иднина. Ве молиме за момент да размислете за нивната.
Со овој проект сакаме да подигнеме совеста. Потребни ни се структурни решенија на политичко ниво за овој растечки европски проблем. Ве молиме да го донирате вашето време, пари и љубов и да ја проширите веста за тоа.
Можете да ги проверите локалните иницијативи или да донирате во една од хуманитарните организации“, вели „Google“.
Исто така, понуден е и преглед на страница со фотографии и видеа од бегалците кои откриваат во какви услови живеат тие, кои се нивните стравови, од каде бегаат и слично, а ова се петте прашања кои ги интересираат бегалците:
Каде можат да се пронајде сигурност?
Дали повторно ќе живеатм со семејството?
Дали луѓето некогаш ќе престанат да војуваат?
Дали постои место каде што ќе ме прифатат?
Дали постои место каде што моите деца ќе бидат безбедни?