X
 06.03.2017 Живот

Тајната на ИКЕА

икеа

Груен трансфер е контроверзна теорија за психолошкото влијание на локацијата и разместувањето на мебелот на таа локација според навиките на купувачите. Од една страна постојат бројни докази за влијанието на боите, мирисот и просторот на продавницата, а од друга страна некои научници велат дека станува збор за анегдоти кои не докажуваат ништо.

Но, ако некогаш сте ја посетиле Икеа, тогаш сигурно знаете дека нема шанси да излезете без да купите нешто.

Алан Пен, истакнат професор на лондонскиот колеџ, со  години опишува дека Икеа намерно ги дезиорентира купувачите. Лутајќи низ збунувачките лавиринти, купувачите едноставно започнуваат да размислуваат дека треба навистина да купат нешто, па така на крајот доаѓаме до фактот дека 60% од купените работни не биле на оригиналната листа.

Не постои излез

Можеби звучи претерано, меѓутоа секоја Икеа има само еден влез и еден излез. Веднаш кај влезот се наоѓа место каде што децата можат да играат, па така сите мораат да поминат покрај детските насмевки. Можеби е чиста случајност, а можеби имаат емпириски докази дека насмевката влијае на поголема потрошувачка.

Влез во дневната соба


Веднаш потоа доаѓате во дневната соба. Ќе се најдете во бројни совршено дизајнирани дневни соби. Постои реална можност тие да сакаат да се опуштите и да започнете да размислувате за се` што би можеле да купите и ставите во дневната соба.

икеа

Оптимистични торби


Огромните жолти торби ве чекаат на секој чекор и на секоја од нив стои покана слободно да се послужите. Но, добро познат е трикот со кој купувачите се тераат да ги наполнат торбите.

Еден премин


Откако ќе влезете во Икеа, и ќе започнете да истражувате се` што нуди, ќе сфатите дека постои само еден премин низ кој можете да поминете - една рута која ве води до крајот на целосната понуда во складилиштето.

Одмор на половина пат


Кога ќе го поминете лавиринтот со изложен простор, ќе се најдете во кафуле каде можете да се одморите. По пат ќе го погледнете целиот каталог за да не ви се случи да пропуштите некоја симпатична понуда.

Ситниците што живот значат


Откако се одморивте, спремни сте за најстресниот дел од посетата. Дојдовте во делот за самопослужување каде ќе ве бомбардираат со евтини чаши, практични чинии за храна и слични ситници. Цените не се превисоки и токму затоа ставате по некоја ситница во вашата голема жолта торба.

Склопување мебел

Не можевте да заминете со празни раце, па затоа купивте комода. Кога ќе стигнете дома следува читањето на понекогаш неразбирливите упатства, размислувањето дали штрафот е на правилно место. Неколку часа подоцна, ќе склопите комода со сопствените раце. Психолозите велат дека ваквиот мебел многу повеќе им се допаѓа на луѓето. Во  2011 година истражувачите од Харвард го измислиле името Икеа ефект за да ја опишат токму оваа појава.

Стара психологија

Иако ефектот на Икеа е релативно нов термин, истражувачите и трговците со децении знаат дека е полесно да продадат нешто што бара малку работа. Пример кој го наведуваат сите е смесата за торта која се појавила во 50-те години во Америка. На почеток домаќинките живееле уверени дека леснотијата со која се приготвува бисквитот за торта им ја омаловажува нивната работа и труд. Кога произведувачите напишале дека потребно е да се додаде јајце, продажбата пораснала за доста брзо време. Истите принципи ги користи и Икеа, за мебелот да ви се допадне повеќе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот