X
 19.12.2023 Живот

Зошто Русија ја продала Алјаска? Мислела дека завршила одлична работа, но...

На 30 март 1867 година Русија потпишала договор за кој многумина тврдат дека бил еден од најголемите економски неуспеси во историјата.

Поради тој договор, Алјаска премина во рацете на САД. Вредноста на зделката била 7,2 милиони долари. Хектар земја бил платен 35 центи. Кога 7,2 милиони долари ќе се претворат во денешната вредност, Американците за Алјаска платиле 125 милиони долари.

Во целата приказна најинтересно е што во моментот на купувањето на Алјаска многумина во Америка биле против зделката. Алјаска била ненаселена. Во Вашингтон ја нарекувале - замрзнатата пустелија. Сепак, откривањето злато променило сè. Алјаска е едно од десетте најбогати места во светот. Алјаска има огромни резерви на минерално богатство со наоѓалишта на јаглен, бакар, злато, сребро, цинк, олово. Има и наоѓалишта на нафта, природни ресурси, риболов. Американците платиле капка вода во морето од богатства.

Кримската војна


Се поставува прашањето зошто Русија ја продала Алјаска. Дали во Москва знаеле каква грешка ќе направат? Одговорот на тоа прашање е помалку важен со оглед на фактот дека Русија практично била принудена да ја продаде Алјаска. Имено, Русија во 1856 година ја загубила Кримската војна што ја водела против Франција, Велика Британија и Отоманската Империја. Притоа Русија била поразена, понижена и економски исцрпена. Ѝ биле потребни пари за да закрепне, а императорот Александар II се плашел дека нема да може да ја контролира Алјаска бидејќи граничи со Канада, со која владеел вечниот непријател на Русија - Велика Британија.

Во Москва биле убедени дека завршиле одлична работа. Добиле свежи пари и се ослободиле од потенцијалниот проблем - нова војна со Велика Британија.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот