X
 08.03.2017 Живот

Што е „WikiLeaks“? Кој е Џулијан Асанж?

Веќе 11 години, организација со име „WikiLeaks“ го шокира светот со објавување на сензитивни и тајни документи. За каква организација станува збор?


Се работи за интернационална, непрофитна организација која објавува тајни информации од анонимни извори. Основана во 2006 година во Исланд од Џулијан Асанж. Тврдат дека имаат објавено околу 10 милиони тајни документи.

Кој е Џулијан Асанж?

Асанж е австралиски компјутерски програмер и новинар кој е во амбасадата на Еквадор во Лондон уште од 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што е обвинет за сексуален напад, како и во САД каде што може да се соочи со обвинувања за шпионажа.

Иако организацијата е креирана во 2006, сепак доби интернационална слава во 2010 година кога беше објавена серија од видеа и документи за Бредли Менинг, аналитичар од американската армија. САД од тогаш на организацијата гледа како на потенцијална закана за националната безбедност.

И покрај сето тоа, организацијата има добиено бројни награди, меѓу кои и „The Economist's New Media Award“ во 2008 година.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот