Денес, преку Фејсбук настан во живо, „HBO“ го објави датумот за премиерата на 7-та сезона на „Game of thrones“.
Топењето на блоковите мраз од огнот (симболизам?!) открија дека серијата се враќа на 16 јули. Настанот заврши двапати без да ја открие датата, меѓутоа се врати, а гледачите повеќе од еден час гледаа како се топи мразот.
Секако, вредеше да се чека со оглед на тоа што беше објавен и нов тизер за новата сезона.
Како што можете да забележите,
серијата започнува подоцна од вообичаено. Меѓутоа продуцентите на серијата минатото лето открија дека таа ќе започне малку подоцна од вообичаениот месец за премиера.
„Започнуваме малку подоцна поради крајот на оваа сезона. „Winter is here“, а тоа значи дека сончевото време и не е баш најпогодно за нашите снимања“, изјавија Дејвид Бениоф и Ден Вајс.
„Затоа малку го поместивме датумот, со цел да ги добиеме соодветните временски услови, дури и на сончевите места каде што снимаме“, додаваат тие.
За жал, временските услови во текот на зимата беа прилично лоши за снимање. За време на снимањето, филмската екипа се соочуваше со прилично силни ветрови и температура од -13 степени. Но, уметноста е болка, нели?