X
 12.03.2017 Технологија

„Viber“ ја претстави својата најнова функција

вибер

„Viber“ ја претстави својата нова функција наречена „Secret Chats“ која им овозможува на корисниците да испраќаат шифрирани пораки и видеа кои имаат таканаречени „самоуништувачки тајмери“. Оваа нова функција е доста слична со „Secret Conversations“ која ја нуди „Facebook Messenger“. Со овие тајни разговори, корисниците на „Viber“ ќе можат да постават временско ограничување за цел разговор, наместо за посебни пораки. Функцијата е достапна за групни разговори како и за разговори еден-на-еден.

„Viber“ целосно блокира правењето слики на екранот (screenshots) за време на тајните разговори на „Android“, додека корисниците на „iOS“ ќе бидат известени ако некој направи вака слика. Дополнително на тоа, „Viber“ спречува тајните разговори да бидат испратени до други луѓе. Корисниците дури можат и да постават лозинка на нивните тајни разговори. Новата функција ќе биде достапна за „Android“ и „iOS“ наредната недела.

Сите пораки, повици, фотографии, видеа и групни разговори се криптирани на „Viber“, а корисниците ќе имаат можност да ги избришат пораките откако биле испратени како и да бидат скриени разговорите.

Новата функција беше претставена отприлика во исто време кога Викиликс ги објави документите на ЦИА. Претходно оваа недела, Викиликс прикажа 8.761 документ со кои се откри дека ЦИА користела алатки за влегување во апликации, телефони и други уреди. Викиликс тврди дека ЦИА може да ги пробие пораките на корисниците на „WhatsApp“, додека главната цел за хакирање на ЦИА не е се апликациите туку софтверите на уредите - „Android“ и „iOS“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија