X
 13.03.2017 Живот

Илон Маск: „Не барам диплома, барам знаење“

Во едно интервју, Илон Маск, сопственикот на “SpaceX”, “Tesla”, “SolarCity” и основачот на “Pay-pal”, е прашан на што обрнува внимание кога вработува нови луѓе.

елон маск
Фото извор: News Track Live


Еве што одговорил:

„Ги прашувам кандидатите да ми раскажат за својата кариера. Кои се најтешките проблеми со кои се соочуваат? Како се избориле со нив? Како донесиле клучни одлуки? Тоа ми е доволно за да добијам некакво чувство за кандидатот. Но, она што навистина го барам е показател за нивните специјални способности и квалитети.

Дали кандидатот бил одговорен за било какво достигнување во (претходна) компанија? Ако е така, прашувам детално да ми објаснат за проблемите кои ги решавале. Личностите кои навистина решавале одреден проблем или достигнале голем успех ги паметат сите детали од таквите ситуации.“

Кога бил прашан за квалификациите тој одговорил:

„Не барам диплома од колеџ. Угледните училишта даваат одредено знаење, можеби луѓето од факултетите се поедуцирани за големи работи, но тоа и не мора да биде така. Многу луѓе како Бил Гејтс не завршиле колеџ, но јас дефинитивно би ги вработил.“
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот