X
 05.12.2015 Живот

Совети за интервју за работа од Голдман Сакс

„Голдман Сакс“ е едно од омилените места за пракса во Северна Америка. Но, компетитивноста е голема. Изминатото лето, фирмата имала 59.000 кандидати за 2.900 отворени места за пракса. За да им помогнат на кандидатите подобро да поминат низ процесот за пријавување, вработените подготвија прашања и одговори за заинтересираните кандидати.


Од прашањата и одговорите може да научиме дека пред пријавувањето, кандидатите треба да го завршат истражувачкиот дел. „Започнете со одлучување за местата во фирмата во кои сте заинтересирани и поради која причина“, пишуваат тие.

Потоа, кандидатите треба да се подготват за да објаснат што точно ги интересира во тие места и кои се карактеристиките кои ги поседуваат кои би биле корисни за праксата.

На прашањето за најчестата грешка која ја прават студентите за време на интервјуата, од „Голдман Сакс“ пишуваат дека студентите не покажуваат на конкретен начин какво влијание имале во последната работа или во врска со друго искуство. За секое работно искуство кое сте го имале и за секоја организација во која сте биле, бидете подготвени да раскажувате повеќе од она што го има во биографијата. Имајте ги деталите за сите одговорности што сте ги имале, вештините што сте ги примениле и она што сте го научиле.

Најбитното нешто во секое интервју, според фирмата, е да бидете оригинални. Но, доколку има можност да се покаже дел од приказната кој е повеќе битен за работата, прескокнете ги останатите делови кои не се релевантни.

Кога станува збор за прашањата на кои се нема одговор, кандидатите не треба да се грижат.

„Во ред е да не го знаете одговорот на секое прашање“, велат тие.

Се препорачува искреност и информирање за нешто на слична тема.

Кандидатите за пракса прават грешка кога не прашуваат на крајот на интервјуто, според фирмата. Поставувањето прашање поврзано со работата, културата во компанијата и личното искуство на работодавачот се добар почеток.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот