X
 13.03.2017 Култура

Најдобрата книга која ја прочитал Бил Гејтс

гејтс
Фото извор: Getty Images

Ако сте во потрага по предлог за книга, тогаш добро би било да го следите блогот на основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс. Милијардерот кој обожава да чита книги го користи неговиот блог за да предложи некои од неговите омилени наслови обично во полето на науката, историјата и економијата.

Неодамна Гејтс повторно имаше нов предлог, иако книгата која ја предложи беше доста неочекувана и несвојствена за него.

Имено, станува збор за книгата „When Breath Becomes Air“, автобиографија од Пол Каланити, неврохирург од Стенфорд и талентиран научник кој за жал починал од рак на 36 годишна возраст. Книгата раскажува како тој се помирил со трагичниот пресврт на настаните.

„Обично не сум некој човек кој плачи поради смрт или умирање. Меѓутоа оваа книга дефинитивно ја заработи мојата восхит и моите солзи“, вели Гејтс.

Всушност, Гејтс е толку воодушевен од книгата што тој ја нарекува неверојатна. „Бев допрен од неа, а беше и  Мелинда и нашата ќерка Џенифер. Всушност, можам да речам дека е најдобрата приказна што сум ја прочитал после долго време“.

Додека голем дел од книгата има емоционална конотација, вклучувајќи го и раѓањето на ќерката на Пол, близу неговиот крај, Гејтс уверува дека книгата не е само беда и загуба. „Нека не ве лаже тагата. Книгата содржи многу причини поради кои треба да ѝ се восхитуваме на силата и генијалноста на човечкиот дух, како и фасцинантни приказни за животот на Каланити како хирург“, вели Гејтс.

„Не знам како Каланити пронашол физичка сила да ја напише оваа книга додека бил толку исцрпен од болеста, а потоа се соочил со хемотерапија. Но мило ми е што ја напишал“, завршува Гејтс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура