Благодарение на модерните технологии, кои се темелат на виртуелната реалност, секој ќе може, барем на кратко да се почувствува како астронаут и да ја посети меѓународната вселенска станица (International Space Station – ISS) и да ужива во погледот на Земјата од една сосема нова, недоживеана перспектива.
Решението доаѓа од страна на компанијата
Occulus Rift, и сосема соодветно е наречено
Mission: ISS и овозможува од „прва рака“ да се доживее искуство кое досега им било загарантирано единствено на вработените и посетителите на вселенската станица. Важно е да се напомене дека не се работи за симулација или некаква игра, туку сосема реално доживување на животот во вселенските капсули.
Оние што веќе ја испробале оваа направа, тврдат дека е можно да се добие и чувство дури и на бестежинска состојба!
Оваа опрема за виртуелна реалност на
Occulus Rift е направена во соработка со НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција, што е и повеќе од доволен доказ за легитимност.