X
 13.04.2018 Технологија

Што сѐ „Фејсбук“ и „Гугл“ знаат за вас?

„Фејсбук“ и „Гугл“ и другите компании секојдневно собираат огромни количини податоци, кога ќе добијат можност за тоа. Еве што сè може да се најде на нивните мрежи.

1. „Гугл“ знае каде сте биле

Ако не сте ја исклучиле функцијата за следење на локацијата, „Гугл“ знае каде сте секојпат кога ќе го вклучите паметниот телефон. Можете да го следите вашето движење уште од првиот ден кога сте почнале да го користите „Гугл“ на паметниот телефон. ТУКА можете да ги погледнете вашите податоци.

2. „Гугл“ знае сè што сте пребарувале и избришале


Историјата на вашите пребарувања е зачувана во „Гугл“ на сите уреди што сте ги користеле. Тоа значи дека и да ја избришете историјата на пребарувањата на еден уред, може да се складираат на друг. ТУКА можете да ги погледнете вашите податоци.

3. „Гугл“ го има вашиот огласувачки профил

Врз основа на вашите податоци (локација, пол, возраст, хоби, работа, интереси, колку килограми имате, колкави се вашите приходи), „Гугл“ создава персонализиран огласувачки профил. ТУКА можете да го погледнете.

4. „Гугл“ знае за сите апликации што ги користите


Сите податоци за апликациите што сте ги користеле се зачувани во „Гугл“. Од „Гугл“ знаат колку често ги користите, каде го правите тоа и со кого сте во интеракција. Така, знае со кого разговарате на „Фејсбук“ и во кое време одите да спиете. ТУКА можете да проверите.

5. „Гугл“ знае што сте гледале на „Јутјуб“

Во „Гугл“ ја чуваат целата ваша историја на прегледувања на „Јутјуб“, па така можат да заклучат за тоа што ве интересира. Податоците можете да ги погледнете ТУКА.

6. „Гугл“ има огромна количина податоци за вас

Податоците што „Гугл“ ги собрал за вас од „Гугл драјв“, од видеата на „Јутјуб“, од фотографиите на паметниот телефон, од она што сте го купиле, можете да ги преземете од една датотека, која може да биде тешка неколку гигабајти. Податоците можете да ги преземете ТУКА.

7. И „Фејсбук“ има доста информации за вас

На „Фејсбук“ можете да ги преземете сите податоци поврзани со вас што оваа социјална мрежа ги собрала откако сте го отвориле вашиот профил. Тоа се сите пораки и датотеки што сте ги испратиле или примиле, сите контакти во вашиот паметен телефон... ТУКА можете да ги погледнете податоците.

8. „Фејсбук“ ги чува сите податоци за вас

Во „Фејсбук“ чуваат сè што сметаат дека може да го поврзат со тоа што ве интересира врз основа на вашите лајкнувања и разговори со пријателите.

9. „Фејсбук“ може да има пристап до вашата веб-камера и до микрофонот


Податоците што „Фејсбук“ ги собира вклучуваат следење на вашата локација, кои апликации сте ги инсталирале, кога ги користите и зошто. Исто така, „Фејсбук“ има пристап до вашата камера и до вашиот микрофон, вашите контакти, е-поштата, календарот, пораките што сте ги испратиле или примиле, игрите што сте ги играле, фотографиите и видеата, музиката, историјата на пребарувања и сурфања, па дури и кои радиоканали ги слушате.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија