X
 18.03.2017 Наука

Закони и правила при контакт со вонземјани

Луѓето кои зборуваат сериозно за вонземјани генерално се сметаат за помалку здрави. Но како што универзумот се испитува сѐ подлабоко, некои официјални агенции, како Обединетите нации и Конгресот на САД помислиле дека е разумно да постави офизијални регулативи во случај на контакт со вонземски живот.

астронаути
Фото извор: listverse.co


Без разлика дали вонземјаните ќе дојдат на земјата, или астронаутите ќе наидат на нив, еве неколку правила што треба да бидат земени предвид:

Астронаутите треба да бидат ставени во карантин во случај на вонземски автостопери. Овој закон е изгласан од Конгресот на САД во 1969 година. Според него сите астронаути кои се враќаат од патувања во вселената треба да бидат во карантин одредено време за да се утврди дека не донеле свесно или несвесно некој вид на вонземски живот. Овој закон бил изгласан пред мисијата Аполо 11. Законот престанува да важи во 1977.

Вонземскиот живот мора да биде пријавен на Обединетите нации веднаш. Во 1967 ОН го греира Вселенскиот договор кој првично бил потпишан од Русија, Обединетото кралство и Обединетите нации, а подоцна и од други 125 земји. Со него се утврдува правилото да се пријави било каков вонземски живот на ОН со цел да се спречи било каква опасност оп здравјето и животот на астронаутите.

Постои правило за директен контакт со вонземјани. Со пронаоѓањето на вода на површината на Марс оваа можност се зголеми а Вселенскиот договор забранува можно загадување на вонземскиот живот од страна на луѓето и технологијата. Областа со течна вода се смета за специјален регион, со специјални правила за истражување. Затоа роверите на НАСА сѐ уште не биле во тие предели. Имено, тие не ги задоволуваат страндардите за стерилизација да бидат безбедни за собирање податоци од места на кои може да постои живот.

Според Вселенскиот договор било кој човек или нација не може да биде сопственик на дел или планета бидејќи тие се „провинција на цело човештво.“

И вонземјаните се луѓе исто така.
Постојат 3 главни принципи: луѓето не треба да ги повредуваат вонземјаните, луѓето и вонземјаните се еднакви и луѓето треба да ја признаат желбата на вонземјаните да живеат и да имаат безбедна вселена.

Астронаутите се пратеници на човековата раса. Со сите правила за вселенско истражување ОН ја нема заборавено старата поговорка „Никогаш немате втора шанса за прв впечаток. За жал астронаутите сѐ уште немаат дел од тренингот во кој би учеле што да прават при контакт со вонземјани.

Вонземјаните би можело да плаќаат даноци. Според правилата на САД сѐ што е продадено од државата во вселената се смета дека се продава во САД. Но во законот не стои ништо за продажба на форми на живот што не потекнуваат од Земјата. Освен ако не се регистрирале претходно како непрофитна организација таму, тие би можеле да се соочат со плаќање на давачки што се дел од животот на Американците.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука