X
 23.03.2017 Наука

Нова молекула која може да собира соларна енергија без соларни панели

Дискусиите за климата се одвиваат со декади, уште откако за прв пат е откриено дека човекот влијае на животната средина. Од тогаш, многу експерти се обидуваат да воведат иновации со кои ќе се намали индустриското загадување со јаглероден диоксид.

фото извор: sciencealert.com

Една од иновациите е молекуларниот лист. Истражувачи од „Indiana University“ и интернационален тим на научници откриле начин за рециклирање на јаглеродниот диоксид во Земјината атмосфера. Со користење на електрична енергија, молекулата може да го конвертира стакленичкиот гас во јаглерод моноксид. Молекуларниот лист е најефикасната метода за намалување на јаглеродот. Јаглерод моноксид може да се генерира и да биде користен како гориво. Горењето на јаглерод моноксид ослободува енергија исто како и јаглеродниот диоксид.

Молекуларната структура има темна боја која апсорбира голема количина на сончева светлина. Енергијата од сончевата светлина тогаш се користи од „моторот рениум“ на молекулата, за да се произведе јаглерод моноксид од јаглерод диоксид.

Молекуларниот лист може да помогне во справување со емисијата на гасови и ефектот на стаклена градина. Уште од индустриската револуција, емисијата на јаглероден диоксид во животната средина е драстично зголемена.

Научниците, пак, се согласуваат дека има 95 проценти веројатност луѓето да се причината за креирање на ефектот на стаклена градина и зголемување на температурата на Земјата во изминатите 50 години.
Сепак, научниците сметаат дека молекуларниот лист може да биде моќна алатка во справувањето со климатските промени.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука