Ако сакате да ја одржувате куќата чиста, треба да ја чистите редовно; ако сакате автомобилот да работи добро треба редовно да го сервисирате; ако сакате компјутерот да Ви биде брз треба да го одржувате.
Овде не станува збор само за бришење на
тастатурата, туку на дигиталното ѓубре во системот, како апликации што не ги користите или фајлови што не Ви се потребни.
Ослбодете се од неупотребливи апликации
Овие програми не само што заземаат место, туку придонесуваат и системот да работи потешко. Колку помалку апликации имате инсталирано толку помала е веројатноста хакерите да Ве најдат. Освен тоа, секогаш можете да ги преинсталирате ако си го промените мислењето. За оние што ги користите, осигурајте се дека ги имате последните верзии.
Во
Windows отворете
Settings од
Start менито, потоа
System, па
Apps & Features.
Во
macOS притиснете и заржете на апликацијата во
Launchpad, а потоа на
delete копчето кога ќе се појави.
Расчистете го дигиталниот неред
Сигурно во компјутерот чувате фајлови на кои сте заборавиле, а не Ви се потребни. Продолжете со нивно расчистување. Добро е да користите програма за чистење на непотребни фајлови како
CCleaner за
Windows и
macOS,
System Mechanic за
Windows и
CleanMYmac за
macOS.
Исчистете го пребарувачот
Сите минуваат многу време во пребарувачот на компјутерот и затоа оваа област мора сериозно да се исчисти. Секој пребарувач има различни опции за чистење што можете да ги користите.
Google Chrome > Settings > Show advanced settings > Clear Browsing data
Mozzila Firefox > Preferences > Advanced > Network > Cached Web Content
Microsoft Edge > Settings > Clear Browsing Data
Тргнете ги и апликациите кои Ви се поврзани со пребарувачите кои не ги користите. На овој начин ќе бидете и побезбедни.
Организирање на системот
Ако компјутерот Ви е организиран ќе заштедите многу време во пребарување на фајлови кога Ви се потребни. Освен тоа, помала е веројатноста да заборавите да извршите некоја задача или да изгубите важен документ. Организирајте ги фајловите во фолдери и избегнувајте да ставате сѐ на работната површина на компјутерот. Исчистете го и Start менито исто така за да Ви бидат подостапни фајловите кои Ви се најпотребни.
Може да користите многу сервиси како
Dropbox,
Google Drive, OneDrive и
iCloud за да ги зачувате фајловите на интернет и за да Ви бидат достапни од каде и да работите.
Физичко чистење на компјутерот
Не треба да го изоставувате и физичкото чистење на компјутерот. Не само што машината ќе изгледа сјајна и свежа, туку ќе превенирате и идни проблеми кои може да се предизвикаат од прашина. Ова може да го доверите и на професионални лица. Ако го чистите сами, користете компримиран воздух за тастатурата, сува микрофибер крпа, за сите делови од надвор, и стапчиња со памук за аглите на компјутерот.
Откако ќе го завршите пролетното чистење може да го вклучите повторно и да уживате во бенефитите од чистењето.