Во септември 1947 година компјутерот на „Харвард“ наречен Марк II престанал да работи. Откако направиле анализа на големата машина за да се открие причината за проблемот, адмиралот Грејс Хопер пронашла баг. Станувало збор за вистински инсект (на англиски bug).
Претпоставуваме дека немате слушнато за Грејс Хопер, но нејзиниот изум сигурно го користите речиси секојдневно и не би можеле да го замислите современиот живот без него. Таа била адмирал во морнарицата, но сепак се прославила во друга област.
Фото: Wikimedia Commons
Грејс освен што била адмирал во американската морнарица, исто така била и научник и го создала програмскиот јазик COBOL. Во 1947 година Грејс работела на „Харвард“, поточно на примитивен компјутер именуван како „Mark II Aiken Relay Calculator“. На 9 септември истата година машината покажувала проблеми, а на крајот од целодневната истрага научниците откриле заробен молец.
Оперативците го отстраниле молецот и го залепиле во дневникот за работа. Во евиденцијата било запишано: Прв вистински случај на најдена бубачка (bug).
Фото: National Geographic
Набрзо се раширила веста дека научниот тим од „Харвард“ дебагувал машина и така е создаден терминот „дебагување“ на компјутерска
програма.
Иако Грејс Хопер била внимателна и признала дека не присуствувала во моментот кога оперативците го пронашле молецот, ова е една од нејзините поомилени приказни.
Во записите на тимот, кои се зачувани во музеј во Вашингтон, е наведено: „Прв случај на пронаоѓање бубачка“.
Иако овој термин и пред инцидентот се користел за означување мали тешкотии во инженерската работа, Грејс е виновна за популаризацијата и проширувањето на терминот баг во компјутерските науки.