Фотографијата која беше постирана на Твитер од американскиот потпретседател Мајк Пенс, предизвика лавина коментари и бурни реакции.
Фото: Twitter
Пенс ја објави фотографијата со зборовите: „appreciated joining @POTUS for meeting with the Freedom Caucus again today This is it. #PassTheBill“.
На состанокот потпретседателот Мајк Пенс разговара со официјалните лица за здравствените реформи како и за отфрлањето на „Оbama Care“ и воведување на законот на Доналд Трамп за здравствено осигурување.
Сепак, отсуството на жени на масата, особено кога се разговара за породилно боледување и што тоа покрива, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Пенс, кој подоцна го избриша твитот, кога го објави
твитот не ни забележал што не е во ред со фотографијата.
За среќа, фотографијата не се изгуби со бришењето на постот, па така демократскиот сенатор Пети Муреј беше првата која изрази револт.
Веднаш после неа се јавија и други лица, меѓу кои и демократскиот конгресмен Џим Мекговерн, кој ја опиша фотографијата како вистинска навреда.
Помалку од петтина од републиканците во парламентот се жени, додека само 20% од американскиот конгрес се жени, што значи дека Америка е рамо до рамо со Бангладеш на светско ниво, додека другите земји како на пример Шведска имаат 44% женски избрани претставници.
Ова не е прв пат администрацијата на Трамп да наиде на остри критики зата што само мажи донесуваат одлуки за работи во кои треба да бидат вклучени и жените.
Фото: АFP
Во јануари, Трамп потпиша извршна одредба за анти-абортус опкружен само со мажи. Одредбата забранува финансирање на меѓународни невладини организации кои нудат или советуваат широк спектар на можности за планирање на семејство и опции за репродуктивно здравје во кои е вклучен абортусот - дури и тогаш кога парите не се користат за услуги поврзани со абортусот.