Иако е тешко да се одреди која е првата снимена фотографија, најстарата што преживеала до денес е „Поглед од прозорец во Ле Грас“.
Проблемот во 1825 година го решил Нисефор Ниепс. За неговиот метод била потребна повеќечасовна експлозија со силна сончева светлина. Сепак, неговиот метод не се покажал како најдобар, па тој во партнерство со парискиот уметник Луј Дагер почнал истражување на нови методи. Во 1833 година Ниепс починал, па Дагер сам продолжил со истражувањата.
Најстарата фотографија на која има и човек
Фото: Wikipedia
Во 1839 година Дагер најавил дека пронашол начин како да произведе перманентен позитив. Тој изум е наречен дагеротипија, а француската влада веднаш го откупила изумот и на сите заинтересирани им ја понудила можноста да се занимаваат со фотографија и да ја
развиваат.