Најновото истражување објавено во август 2024 година дава научно објаснување дека стареењето не е постепен процес и често се случува нагло. Некои од симптомите се појавите на брчки, особено по 40-тата година од животот.
Истражувањето на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот „Стенфорд“ откри дека најмногу старееме на возраст од 44 до 60 години и дека овие промени тогаш се видливи на нашето лице.
Со анализа на 135.000 молекули и микроби кај 108 волонтери на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести и метаболизмот.
Во истражувањата споменати погоре биле анализирани различни типови молекули, вклучувајќи РНК, протеини, липиди и микробиоми на цревата, кожата, носот и устата. Забележано е дека во човечкото тело во текот на два периода од животот има значителна промена во количината на различни видови молекули.
Совети како да го забавите стареењето
Ново истражување од австралискиот универзитет „Едит Кауан“ тврди дека ентропијата, бавниот и неизбежен процес на стареење, може да се забави со чести патувања. Кога патуваме, запознаваме нови луѓе, стекнуваме нови животни искуства, а сето тоа ни помага против стареењето.
Познатиот гастроентеролог д-р Вил Булшевиќ споделува неколку совети:
- Прошетките во природа и најмалку 30 минути вежбање дневно го намалуваат стресот, го подобруваат расположението и благотворно влијаат врз варењето.
- Храна богата со растителни влакна, овошје, зеленчук, грав и семиња. Храната е она што ни дава енергија, нѐ прави сити и долговечни.
Истражување од 2022 година покажа дека луѓето што редовно јадат влакна имаат помал ризик од срцеви заболувања, рак и други вообичаени причини за смрт.
Исто така, пожелно е да се избегнуваат алкохолни пијалаци бидејќи честото консумирање алкохол го зголемува ризикот од срцеви заболувања, рак и други болести. Важно е и што помалку да користиме телефони, компјутери и телевизори, а се препорачува директен контакт со луѓе.
Истражувањата покажуваат дека осаменоста го зголемува ризикот од деменција за речиси 31 отсто, а времето поминато пред екран може негативно да влијае врз квалитетот на сонот, предизвикувајќи стрес и депресија.
Добриот сон го поддржува имунитетот, здравјето на срцето, кожата и нивото на енергија. Недостигот на сон, пак, може негативно да влијае врз меморијата и продуктивноста.
Извор:
Srpskainfo.com
Фото: Freepik