X
 14.06.2024 Живот

Ѕирнете во складот на „Форд“ во кој се кријат автомобили вредни милијарда долари

Музејот „Хенри Форд“ во Дирборн, САД, е еден од најголемите музеи, но не е доволен за целосната колекција на „Форд“, па многу автомобили се чуваат во склад затворен за јавноста.

2
Фото: Top Gear

Таму има неверојатна колекција на возила, од „Наскар“ автомобили и воени возила до уникатни концепти и велосипеди.

Новинарот на списанието „Топ гиар“, Оли Кју, ја обиколи оваа „тајна“ локација со кустосот на музејот, Мет Андерсон.

ford
Фото: Top Gear

Меѓу овие автомобили се „форд Екс-100“, „форд кросоувер“ (1998) и „линколн сентинел“ (1996), „форд модел Т“ и „модел А“ кои му припаѓале на Хенри Форд, „форд ескорт“ (1981), „форд тандербрд НАСКАР“(1987), „форд ренџер“ за службите за итни случаи користен по терористичките напади во САД во 2001 година, „форд хот род“ (1932), „форд фокус електрик тест кар“(2009) и многу други.

Извор: Klix.ba
Фото: Top Gear
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот