X
 04.04.2017 Живот

Имате ли храброст да помините по овој пат?

Застрашувачка патека на работ на карпа во Шпанија - која предизвика смрт кај голем број туристи, е повторно отворена за јавноста.

пат, шпанија

Каминито дел Реј, познат и како „Најопасниот пат во светот“, беше затворен за туристи во 2001 година, откако 5 лица загинаа. Патот широк 90 сантиметри нуди поглед на клисурата и претставува едно од најпопуларните туристички центри на Малага.

Доколку сакате прошетка која смирува, тогаш дефинитивно оваа патека не е за вас.

3пат, шпанија

Патот беше затворен цели 14 години откако 5 лица паднале и починале во доцните 1990-ти и раните 2000-ти. Сопствениците морале да направат серија на безбедносни промени на патеката, па официјалните лица повторно дозволиле отворање на патот за јавноста.

4пат, шпанија

И покрај промените и преземените безбедносни мерки, патот сè уште претставува огромна опасност.

Доколку сакате да го помините овој пат, треба да резервирате билет и да платите 10 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот