X
 19.04.2022 Живот

Застрашувачка атракција пред која се чека за фотографирање

Доколку сте љубител на планинарењето или сакате да правите необични фотографии, постои камен на планината Кјераг во Норвешка кој може да биде причина за да ја посетите оваа земја. Меѓутоа, неговата положба може да ве исплаши.



Каменот, кој е наречен Кјерагболтен, се наоѓа помеѓу две карпи на височина од околу 1.000 метри. Се претпоставува дека се заглавил за време на последната ледена доба, но денес со својата положба привлекува многу туристи од целиот свет и посетителите чекаат во редици за да направат уникатна фотографија.



За качувањето до каменот се препорачува да имате кондиција бидејќи трае од 3 до 5 часа. Патеката е отворена само во летните месеци, односно од јуни до септември, а на потешките делови се потребни и сајли за качување.



Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот