Корисниците на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, треба да ги достават документите за продолжување од 1.9.2022 до 30.9.2022 година, соопштија од Министерството за образование и наука.
Корисникот на стипендија треба да достави потврда за редовен ученик за учебната 2022/2023 година и копија од последното свидителство.
Од МОН истакнуваат дека документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на
http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку ученикот не е во можност да достави електронски, документите се доставуваат директно до Министерството за образование и наука (11ти кат, канцеларија: 1104) или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.