X
 06.04.2017 Наука

Наскоро ќе дознаеме како вистински изгледа црната дупка

Научниците можеби наскоро ќе направат важен портрет во историјата на универзумот, слика од центарот на галаксијата.

црна дупка
Фото извор: НАСА


Набљудувањата низ светот се фокусирани на фотографирање на црна дупка. За црните дупки се шпекулира во некоја форма од 18 век и оттогаш научниците работат на тоа да добијат идеја како тие функционираат. Но овие објекти имаат толку голема маса што дури и светлината се вовлекува во нив, па тие по дефиниција се невозможни да се видат.

Сега научниците се надеваат дека овојпат ќе го видат барем хоризонтот што ја формира границата околу нив. Овој хоризонт е границата под која сѐ, вклучително и светлината се вшмукува внатре.

Кога нештата ќе минат низ границата, таа остава интензивно зрачење која е последна трага од постоењето на тие нешта. Научниците се надеваат дека ќе ги фатат тие радио бранови низ вселената и со тоа ќе ја направат и првата фотографија од црна дупка.

Фотографијата ќе се прави на оддалеченост од 26.000 светлосни години од Земјата, во средината на Млечниот пат. На таква далечина тешко е да се видат детали, но кога ќе се поврзат многу телескопи заедно, ќе се видат повеќе детали.

Со оваа работа научниците започнаа на 4 април и ќе трае до 14 април.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука