X
 20.09.2019 Наука

Научниците го откриле најголемиот жив водоземец во музеј

Новоидентификуван водоземец е веројатно најголемиот на планетата, велат научниците што ја анализирале ДНК од музејските примероци.

Достигнувајќи речиси 2 метра во должина, јужнокинескиот гигантски дождалец е сериозно загрозен во дивината. Научниците велат дека се потребни големи напори за животното да се спаси од изумирање.

Претходно се сметал за единствен вид, но со анализа на примероци, живи и мртви, научниците откриле дека всушност постојат три вида пронајдени во различни делови на Кина.

Јужнокинескиот дождалец е најголем од трите, а истражувачите сметаат дека тој е најголемиот жив водоземец денес.

1
Фото: Harry Taylor


- Се надеваме дека новото сфаќање за видот ќе ни овозможи подобро да ги сочуваме сите популации на огромни водоземци што сè уште постојат денес - изјави професор Семјуел Турвеј од Зоолошкото друштво на Лондон.

Мелиса Мар од Музејот за природна историја во Лондон рече дека мора да се воспостават мерки за зачувување на генскиот интегритет на секој посебен вид.

- Откритијата доаѓаат во време кога се потребни итни интервенции за да се спасат кинеските дождалци во дивината - изјави таа.

Кинеските гигантски дождалци некогаш можеле да се најдат низ голема област на централна, источна и јужна Кина. Нивната експлоатација се зголемила во последните децении.

Што открило истражувањето?


Научниците користеле музејски примероци за да ја разгледаат генската историја на кинескиот дождалец, семејно дрво толку древно што животното се сметало за жив фосил. Идејата дека јужнокинескиот гигантски дождалец е посебен вид прво била предложена во 20-тите години на минатиот век, а потоа напуштена, заснована на необичното животно што се чувало во лондонската зоолошка градина.

Тимот го користел истото животно што сега е зачувано како примерок во музејот за природна историја, за да ги дефинира карактеристиките на новите видови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука