X
 06.04.2017 Живот

Заборавениот јазик кој го зборувале само жени

Во 20 век во Кина, во провинцијата „Хунан“, необразованите жени и девојки развиле мистериозен систем на пишување наречен „Nüshu“, за да ги изразат своите мисли. Јазикот го користеле за молитви, раскажување традиционални приказни, роденденски писма и свадбени честитки, кои си ги споделувале меѓусебно.

фото извор: ozy.com

Јазикот бил пренесуван од колено на колено, меѓу жените. Начинот на комуникација на овој јазик бил скриен од мажите. Слични писанија се пронајдени и во Јапонија и Кореја, но „Nüshu“ во себе носи одредена мистичност.

Кога жените умирале, со нив биле закопани и нивните омилени дела на тој јазик, па затоа нема точни податоци кога јазикот почнал да се развива. Сепак, познато е дека најчесто се користел пред 200 години, кога девојчињата не добивале формално образование. Пишувањето на јазикот подразбирало пишување од десно кон лево и содржело околу 1000 карактери (букви).

Започнало како едноставен начин за комуникација меѓу жените, а потоа преминало во нешто повеќе. Жените преку јазикот ги изразувале своите стравови и несреќи. Јазикот бил наменет за да биде напишан во стихови или да биде испеан, за д аја изрази длабоката тага што одредена жена ја чувствува. Од страна на властите во Кина, јазикот бил етикетиран и прогонуван.

Денес, има многу малку жени кои го знаат јазикот „Nüshu“. Според „UNESCO“, еден јазик умира на секое 14 дена и половина од јазиците ќе бидат изумрени до крајот на векот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот