X
 25.08.2020 Живот

Постојат жени кои веќе од ништо не се плашат...

Постојат жени кои веќе не се плашат... Предоцна е да се плашат.

Не се плашат дали ќе ви се допаднат. Дали ги разбирате. Не ги интересира. Дали ви се допаѓа ручекот што го зготвила? Сеедно ѝ е - „на менито има чорба, драги, земи или остави“. Никогаш нема да праша: „Вкусен ли беше ручекот?“ Не ја интересира...

Не се плаши да праша повторно. Не се плаши од тоа дали ќе изгледа смешно. Таа секогаш има што да облече налето, наесен, кога ќе падне снег... Сè помалку има празнини во нејзиниот живот. Веќе не е исплашена. Таа знае дека не може да не е во право. Таа знае што има во неа. Не се плаши од тага. Таа плаче. Плаче кога е тажна, но и кога е среќна. Најмногу плаче кога гледа реклами, на ситници...

Предоцна е да се плаши од својата седа коса. Брчки, па што! Предоцна е да се плаши од колегата, свекрвата, соседот...

Не ѝ е гајле дали облеката ѝ е испрана, дали храната е без глутен, таа јаде што сака... Веќе не се плаши да работи навечер зашто знае дека тогаш е попродуктивна. Не се плаши да запали цигара, да се напие вино... Штетно? Штетно е залудно да се потроши животот!

Не ѝ е гајле дали стасал дома во 18 или во 21 часот. Ако ја сака, сѐ е во ред. Главно е дека постои. Не се плаши од самотијата. Се оттргнува од оној што ѝ го затемнува животот.

Таа има што да каже, но има и за што да молчи...

Се моли тоа чувство да потрае. Таа е нечиј излез, пример, водилка... Не се плаши да изгледа глупаво, таа одамна престана да изгледа бидејќи сѐ повеќе почна да постои...

Нејзиниот совет е:

Работи го она што го сакаш.
Спиј со оној што го сакаш.
Зборувај директно.
Не исправувај криви Дрини.
Слушај ја тишината.
Цени го утрото.
Не форсирај ја ќерката.
Не трчај по вниманието од синот.
Не обвинувај го таткото, сакај ја мајката.
Не плаши се од смртта бидејќи сѐ уште си жива...

Извор: Buka
Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот