X
 09.04.2017 Култура

Најубавата цветна градина во светот се наоѓа во пустина

градина
Фото: Stephen Allan

Најголемата цветна градина во светот се наоѓа на место каде што не би очекувале. Таа не е во бујниот дворец Тилери во Париз, ниту во ренесансната Вила д'Есте во Тиволи, Италија, туку во пустина надвор од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Отворена на Денот на вљубените 2013 година, градината наречена „Dubai Miracle Garden“ е светски лидер кога станува збор за огромни цветни градини. Таа се состои од 150 милиони индивидуални цвеќиња, и го надминува својот најблизок конкурент, Кеукенхоф во Холандија и нејзините 7 милиони цветови. Целиот тематски парк е посветен на цвеќиња, пауни, замоци, ветерници, куќи, автомобили, огромна жена и реплика од највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа - сите тие направени од цвеќиња. Дури и мора да помините низ огромен (вештачки) цвет за да влезете внатре. Градината се протега на 185.806 квадратни метри, а вклучува продавници, џамија, цветен часовник и првата градина со пеперутки во регионот.

Најголемиот дел од цвеќињата остануваат исти од година во година, но секоја есен, откако градината ќе затвори за експлозивното жешко арапско лето - се менуваат неколку експонати. Паркот моментално вклучува најмалку 45 различни видови на цвеќе увезено од целиот свет, а голем дел од нив е тешко успеваат во пустина и ретко можат да се најдат на Блискиот исток.

Освен што е најголемата градина во светот во смисла на бројот на цвеќиња, оваа градина исто така го држи актуелниот Гинисов рекорд за најголемиот цветен аранжман. Оваа награда ја доби во декември 2016 година за цветната структура во форма на Ербас А380, која е околу 70 метри долга и има повеќе од 500.000 свежи цветови и растенија.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура