X
 04.09.2022 Економија

Ова се земјите со најдобри и најлоши патишта во Европа и во светот

Најдобрите патишта во Европа, оние во Холандија и во Швајцарија, исто така се и меѓу најдобрите во светот, според податоци од Светскиот економски форум. Податоците се однесуваат на 2019 година.

Според нив, Македонија има оцена од 3,4 за патиштата, на скала од 1 (исклучително лоши) до 7 (исклучително добри).

Србија има оцена од 3,5, додека Албанија и Црна Гора се оценети со 3,9. Босна и Херцеговина има оцена од 2,8 за своите патишта. Според анализата, најдобри патишта во Средна и Источна Европа има во Австрија, која има оцена 6, и Хрватска со оцена 5,6. Хрватска се наоѓа на 12. место на светската листа со најдобри патишта.

Меѓу другите земји, Турција има оцена 5, над Норвешка со 4,5 и Велика Британија со 4,9.

На врвот во светот е Сингапур со 6,5, а следуваат Холандија со 6,4, Швајцарија со 6,3, и Хонгконг и Јапонија со оцена 6,1.

Најлоши патишта во светот има во Чад, која има оцена од 1,9, па Мавританија и Мадагаскар, кои имаат оцена 2.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија