Графиконот подолу прикажува кои земји се домаќини на најмногу универзитети што се дел од листата со 100 најдобри универзитети.
Рангирањето мери 1.906 универзитети во 108 земји според 18 показатели за успешност во полиња како настава, истражувачка средина, квалитет на истражување, индустрија и меѓународна перспектива.
САД доминираат во високото образование
Не само што САД имаат најмногу топ-100 универзитети (вкупно 36), туку се и најзастапената земја во целиот каталог за рангирање со речиси 2.000 училишта.
Кога ќе ги видите првите 10, САД (7) и Велика Британија (3), овие две земји го делат самиот врв на рангирањето за најдобрите универзитети во светот.
Универзитетот „Оксфорд“ е рангиран на прво место во целина, додека Универзитетот „Стенфорд“ (2. место) се најде на првото место за настава, а Институтот за технологија во Масачусетс е на прво место за квалитет на истражување.
Сингапур може да се пофали со два најдобри универзитети, иако има население од 5,5 милиони луѓе. Швајцарија, земја во која живеат речиси 9 милиони луѓе, има три од најдобрите во светот.
Фото: Visual Capitalist
Јужна Америка и Африка не се домаќини на ниту еден универзитет кој се најде меѓу 100. најдобри, барем според оваа рамка за рангирање и критериуми.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist